Ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери во надзорен одбор на новите фирми за парно греење

Ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери, Бесиана Џафери Беќири, ќе се грижи скопјани да не останат без парно греење. Таа е дел од надзорниот одбор на една од трите фирми кои ќе го следат процесот на снабдување со топлинска енергија, под капата на државната ЕСМ.. Нејзини колеги во надзорниот одбор ќе бидат битолчанецот Петар Петровски, и Зорица Гиовска од Гази Баба.

АД ЕСМ ги регистрираше трите компании со кои ќе се пријави на владиниот оглас за превземање на парно-греењето на Скопје на местото на Балкан енерџи груп. Дејноста на сите три претпријатија е снабдување со пареа и климатизација на адреса на управата на државните електрани.

Новите претпријатија ќе обезбедат три нови директорски места, но и ќе вдомат повеќе партиски кадри, главно блиски на ДУИ. Па така, Месуд Јакупи, кој е инаку информатички администратор, како и шеф на изборниот штаб на ДУИ во Студентичани, си заработи шест-месечен мандат како директор на државната компнија „ЕСМ снабдување со топлина“.

Откако лани ЕСМ под изговорот – „подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза“ го разршни Златко Пиперкоски од позицијата директор на РЕК Осломеј, сега тој повторно ќе се справува со предизвиците од енергетската криза и неизвесната зима која ни следи, како директор на „ЕСМ производство на топлина“. Клучното претпријатие, кое ќе треба да се снајде со набавките на природен гас и да изнајде начин како ќе затопли 60,000 скопски домови. Додека пак во надзорниот одбор се најдоа Соња Стефановска и Љубчо Кижевски од Скопје, како и Валбона Халили од Кичево.

Со третото претпријатие, ЕСМ дистрибуција на топлина, кое пак ќе ја превземе топловодната мрежа на БЕГ, ќе управува Менка Јовановска од Битола како дипломиран машински инженер, а тројцата членови на Надзорниот одбор се Александра Маројевиќ, Џевит Ковачи и Билјана Николова, сите од Скопје.

Од ЕСМ подготвени, веднаш се впуштија во правдање на одлуката.

– „Сите лица се вработени во АД ЕСМ со редовни работни задачи, додека обврските во новите друштва им се доделени како дополнителна работна обврска. Лицето Бесијана Џафери Беќири е вработена како правник во секторот за развој и инвестиции и е член на назорот на едно од ДООЕЛ-ите. Во текот на изминатата грејна сезона вклучена беше во работни задачи при процесот на менаџирање на БЕГ од страна на АД ЕСМ, кои задачи ги изврши на највисоко професионално ниво, како впрочем и сите други споменати вработени“ – Соопштуваат од АД ЕСМ.

Со ова, практично предвреме се знае кои компании ќе се јават на се уште необјавениот јавен повик, кој владата доправа треба да го распише, со цел превземање на услугите за кои досега беше задолжена компнијата Балкан Енерџи Груп. Ова следи откако Регулаторна комисија за енергетика неодамна ги одзмеа лиценците на работа на БЕГ, а притоа го задолжи АД ЕСМ – Скопје да основа три трговски друштва со ограничена одговорност што ќе вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Струјата ќе поскапи за 3,5 до 4 проценти, а зголемувањето на ДДВ-то ќе влијае со плус 4,72 отсто доколку се прифатат барањата на енергетските компании

Трите енергетски компании ги доставија своите барања до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за цената…