Ќе биде разрешен директорот на „Лазо Ангеловски“ пријавуван за сексуално вознемирување?

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунцски сака да го разреши директорот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисеиче кој беше пријавуван за сексуално вознемирување, но сепак конечната одлука за ова ќе ја има Министрството за образование и наука.

Муцунски вчера на својот фејсбук профил соопшти дека нема да го именува проблематичниот директор иако бил предложен од училишниот одбор и побарал негово негово итно разрешување.

-За актуелниот директор во заминување во изминатите години имаше огромен број поплаки, како од родители на ученици, така и од наставниот кадар на училиштето. Состојбите во училиштето беа повод и за сериозна грижа на општата јавност.

За оваа моја одлука го информирав и Министерството за образование и наука и доколку тие не одлучат да ја преиначат мојата одлука, во најбрз рок во училиштето ќе именуваме в.д. Директор од редот на вработените. Во иднина нема да дозволам несоодветни кадри да бидат поставувани на високи позиции, особено кога станува збор за образовни институции, се вели во објавата на Муцунски.

Случајот со директорот на ова училиште подолго време ја тресеше јавноста поради објавата на фотографии со експлицитна содржина и потресни сведоштва за непристојни предлози, закани и омаловажувања од страна на директорот кон неговите вработени.

За неговото однесување алармираа повеќе вработени жени кои биле малтретирани и сексуално вознемирувани.

Коалиција Маргини и Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2019 објавија извештај во којшто побараа институциите да го истражат проблематичното однесување на директорот, но и покрај сите укажувања тој се уште го води најголемото училиште во државава.

Total
0
Shares
Поврзани објави