10 години затвор за девојката која го уби 16-годишникот во тетовско

За убиството на 16-годишното момче што се случи во декември 2022 година Основниот суд Тетово денеска изрече казна затвор од десет години за 17-годишната девојка, информираа од канцеларијата за односи со јавност на тетовскиот суд.

Девојката од тетовското село Рогле е осудена за кривично дело убиство по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

– Основниот суд Тетово денеска донесе пресуда за настанот случен на ден 21.12.2022 на место викано Бањиче, во кој лишен од живот е детето Б.Х на возраст од 16 години, а за кој настан постапката се водеше спрема дете во судир со законот на возраст од 17 годни за кривично дело Убиство по член 123 став 2 т1 од Кривичен законик. Судот донесе пресуда со која детето во судир со закон е огласено за виновно и изречена му е казна затвор за деца во траење од 10 години, се вели во соопштението на тетовскиот суд.

На 22. декември 2022 полицијата безживотното тело на 16-годишното момче од Ново село, Општина Желино беше најдено во реката Пена кај месноста Бањиче близу Тетово. Сега веќе осудената девојка беше приведена наредниот ден, по што и беше определен и притвор. Убиство по член 123 став 2 точка 1 според Кривичниот законик претставува Квалификуван облик на убиство-Убиство на свиреп начин.

Total
0
Shares
Related Posts