10 нови случаи на ковид-19, еден пациент е починат

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.960 тестирање, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 5, Тетово – 4 и Битола – 1.

Регистрирани се 5 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Крива Паланка и Берово – по 1.

Регистриран е еден починат пациент од Струмица (64г), во болнички услови .

Направени се 2.960 тестови преку: ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-50, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–23, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-67, Авицена-253, Биотек-174, Систина-96, лабораторија Лаор-158, Синлаб-17, Ремедика-21, Плодност–18, Генеа–10, Никоб лаб-704, ВФВ Медикал-35, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.133.

Total
1
Shares
Поврзани објави