10 починати , Штип и Скопје со најмногу новозаразени

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека од Ковид-19 починале десет лица, односно, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 76 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица на возраст од 85,71 и 53 години, а кај 48 годишен пациент вирусот е потврден постмортем.

На Клиника за пулмологија е починат пациент на 79 години, на гастроентерохепатологија пациент на  возраст од 79 години. Во болницата во Битола почина пациент од Кичево на 82 години, во КБ Тетово пациент на 60 години. Во Филип Втори е починат пациент на 62 години“, информираа од МЗ.

Во изминатите 24 часа пак, потврдени се 96 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се по 24 случаи во Скопје и Штип, девет во Струга, седум во Тетово, по шест во Куманово и Охрид, пет во Радовиш, четири во Гостивар, по три во Струмица и Свети Николе, два во Кочани, и по еден случај во Прилеп, Битола и Крива Паланка.

Институтот за јавно здравје регистрирал 61 оздравен пациент, односно, 27 од Скопје, 16 од Куманово, по четири од Прилеп и Тетово, по три од Крива Паланка и Ресен, и по еден од Кавадарци, Гевгелија, Кратово и Кичево.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9249,  бројката на оздравени пациенти е 4871, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3946“, стои во соопштението на МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примени се пет пациенти, а вкупно е хоспитализиран 91 пациент. На кислородна поддршка се 43 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, шест позитивни деца, 2 деца и една мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови, а вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. Од нив, на респираторна машина се тројца пациенти.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, информираат од МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 86.543 тестирања на Ковид-19, а во последното деноноќие се направени 724 теста.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

НОВ ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Од среда на целата територија на нашата држава стапува во сила полициски час со кој движењето ќе биде…