Кривична пријава за Маленко

Претседателот на Националната пливачка федерација, Александар Филипчев поднесе кривична пријава за Маленко поради измама и злоупотреба.

Бранувањата во македонското пливање продолжуваат, а по најавата на најдобриот македонски пливач, Марко Блажевски дека размислува повеќе да не настапува за Македонија, конкретен чекор направи и претседателот на Националната пливачка федерација (НПФ), Александар Филипчев.

Филипчев поднесе кривична пријава за измама и злоупотреба на Александар Маленко.

Претседателот на Националната пливачка федерација се одлучи на ваков чекор за да стави крај на манипулациите на Маленко.

На барање на пливачките клубови во Македонија беше свикано вонредно собрание на кое се смени името на федерацијата, Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) се преиименува во Национална пливачка федерација на РСМ, а исто така поради незадоволство од работата беше сменет тогашниот претседател Александар Маленко и беше избран Филипчев за нов предводник.

Одлуките од тоа собрание се спроведоа во Централниот регистар на Македонија кој ги потврди промените. Исто така беше известена и светската пливачка федерација (ФИНА), но и покрај тоа Маленко се уште се претставува за претседател на ПФМ.

Филипчев и НПФ сметаат дека Маленко со таквите настапи го нарушува угледот на пливањето, на федерацијата и на самата држава и поради тоа се одлучија да му поднесат кривична пријава за измама и злоупотреба.

izvor : slobodenpecat.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави