Трајно „исчистени“ неколку компјутери во СЈО

Сецијалното јавно обвинителство призна дека веќе се избришани неколку компјутери во оваа институција и дека процесот е запрен „за да се оттргнат сомнежите за какви било други мотиви“. Ова е содржано во писмениот одговор што „360 Степени“ го доби денеска откако по претходно добиени дополнителни сознанија за тоа што се случувало во СЈО во изминатите денови и недели, претпладнето испративме неколку прашања до ова обвинителство. СЈО во саботата демантираше дека е издадена наредба за бришење компјутери што беше реакција на текстот на „360 Степени“ под наслов „Катица Јанева наредила ‚форензичко бришење’ на компјутерите во СЈО“.

Што прашавме, што одговори СЈО

Ова се прашањата што утрото ги упативме до прес-службата во СЈО:

  • Дали се форматирани компјутери на вработени во СЈО, колку и на каков начин е извршено форматирање?
  • Од кои причини е тоа направено и дали се зачувани одредени податоци и документација?
  • Дали е отповикана одлуката за форматирање на сите компјутери?
  • Кој ги носи одлуките за ваков тип активности и дали без знаење на Катица Јанева може вакво нешто да се преземе?
  • Дали е точно дека вработените биле известени преку порака од ИТ-одделението за фактот дека ќе се врши форматирање на компјутерите?

Наместо поедничени одговори на прашањата, добивме сублимиран одговор што го пренесуваме во целост:

„Во насока на зголемување на информатичката безбедност на целокупните електронски податоци со кои располага ова ЈО, имајќи предвид дека привршува процесот на преслушување на разговорите од незаконското следење на комуникациите, беа преземени активности со кои сите податоци од значење за работењето на ова ЈО и разумната потреба за архивирање, беа бекапирани и обезбедени. Воедно беше извршено форматирање на неколку компјутери на стручната служба со цел безбедносно отстранување на евентуално зачувани разговори на нивните компјутери. Ваквиот процес беше запрен за да се оттргнат сомненијата за било какви други мотиви на делување. Ве уверуваме дека стануваше збор за активности од безбедносен карактер кои беа планирани од претходно и за кои беа известени и вработените во СЈО. Сакаме да појасниме дека и во минатото се случувало да бидат преземени вакви мерки поради организациони причини“,

одговараат од СЈО

Форматирани повеќе компјутери на стручни соработници

Нашите сознанија велат дека со форматирањето, во првиот бран, биле опфатени повеќе компјутери на, како што се наведува и во денешниот одговор од СЈО, стручни соработници во обвинителството, а следни на ред биле машините на кои работеле истражителите и обвинителите. Бришењето се случило минатата недела, најверојатно во петокот (26 јули), а по алармот од загрижени вработени што за време на викендот (27 и 28 јули) го пренесе „360 Степени“, операцијата вчера (29 јули) е стопирана. Запирањето, како и отпочнувањето на „чистењето“, не можело да биде без знаење на Катица Јанева.

Како што веќе објави „360 Степени“, со бришењето воопшто не биле зафатени документите сместени на тие компјутери, на што се однесуваше демантот на СЈО во саботата. Но, неповратно се избришани информациите за „сообраќајот“ – кој, кога и што работел на тие машини. Истото ќе се случеше и со другите компјутери, ако операцијата продолжеше.

Безбедно форматирање?

Информатички експерти, кои ги консултиравме за „вордингот“ користен во денешниот одговор од СЈО, велат дека под формулацијата: „извршено форматирање на неколку компјутери … со цел безбедносно отстранување на евентуално зачувани разговори“, најверојатно треба да се подразбере дека „чистењето“ е направено со т.н. „вајпинг“ (wiping). Тоа е техника што оневозможува враќање на податоците за претходното работење на конкретна машина, за разлика од обичното „форматирање“, кое овозможува тие информации да се возобноват дури и по бришењето.

Контекст(и)

360 Степени“ дојде и до порака од ИТ-одделот во СЈО, испратена до вработените на 8 јули 2019 г., во која пишува:

„Колеги ПОЧНЕТЕ со средување на податоците кои ги поседувате на вашите компјутери и усб-а. Организирајте ги податоците по предметно работење. Комплетно избришете се што НЕ е поврзано со работењето во СЈО. Доколку имате приватни податоци, зачувајте ги на приватни усб-а. Кога ќе заврши процесот ќе бидете повикани да се изврши форматирање на секој компјутер и усб. Процесот ќе се одвива етапно“,

се вели во пораката до која дојде „360 Степени“

Оваа порака е пратена една недела пред ОЈО за гонење организиран криминал и корупција да отвори истрага за случајот „Рекет“, во кој е имплицирана и шефицата на СЈО, Катица Јанева. Сепак, иако формално нема истрага, тоа е период во кој за случајот на големо се пишува во медиумите, а Јанева најверојатно знае и дека Вилма Русковска води предистрага. Според изворите на „360 Степени“, речиси ништо не се случува на овој план додека Јанева е отсутна поради боледување, а работите повторно се раздвижуваат по нејзиното враќање во СЈО минатиот вторник (23 јули).

речиси ништо не се случува на овој план додека Јанева е отсутна поради боледување, а работите повторно се раздвижуваат по нејзиното враќање во СЈО минатиот вторник (23 јули).

Ако на 8 јули за значаен дел од вработените, па и за ИТ-одделот во СЈО, во барањето за „бришење“ на компјутерите можеби и немало проблематичен аспект, по отворањето на истрагата за „Рекет“ контекстот е целосно променет. Па, и за актуелната истрага на Вилма Русковска, а и за други случаи и ситуации во иднина може да бидат од полза сознанијата – што конкретно се случувало на компјутерот на одреден обвинител, истражител или стручен соработник во СЈО. Кој, кога, чии разговори слушал, или кој, кога, какви материјали прегледувал или изнесувал од одреден компјутер, што споредено со други сознанија може да биде директен или индиректен доказ во „Рекет“ или друг сличен случај(и).

Оттука и загриженоста и алармот што преку „360 Степени“ решија да го вклучат дел од вработените. Денеска СЈО и официјално потврди дека сомнежот бил (е) легитимен.

текст и фото сопственост на : 360 Степени

Total
0
Shares
Поврзани објави