Горазд има малку време, а многу надеж за прв пат да ги види родителите и другачињата

Додека сите деца надвор си играат, трчаат и се бркаат, едно детенце само стои на страна, се држи за оградата и ги слуша другите деца како џагорат и се смеат. Сака и тој да им се придружи во играта, но не може бидејќи не гледа. Ова детенце е Горазд и има 12 години. Откако е роден па се до сега, ова душиче помина низ безброј операции.. Неговиот вид е 90 проценти оштетен.

Горазд ги знае сите другарчиња во маало, ама никогаш ги нема видено, ги опипува по глава и ги препознава по глас. Неговото помало братче го води за рака кога ќе излезат и му вели еве стој тука малку, држи се за оградава, да поиграм малку. И така секој ден 12 години….Горазд само стои и ги слуша децата како играат и трчаат.

Сега конечно има шанса да си ги види другарчињата, да ги види мама и тато како изгледаат, да си го види братчето што го чува и конечно и тој да се растрча со децата.

Мајка му пишала апел за помош но без нас нема да успеат да ги соберат парите. Потребни се 6 000 евра за операција во Русија. Има само неколку дена до операцијата.

Ајде сите заедно да му помогнеме на Горазд конечно да си ги види родителите и другарчињата.


VIP 143 485
T-MOBILE 143 181


Total
0
Shares
Поврзани објави