Охридски бисер од Филеви за сопругата на Помпео

Посебна чест и задоволство ми претставува денешната посета на Музејот на Охридскиот Бисер Филеви Т.М.1928 на високата делегација на САД предводена од Секретарот Г-Дин Мајк Помпео во придружба на неговата сопруга Г-ѓа Сузан Помпео. Тие се запознаа со техниката, Богатата музејска содржина, традицијата, историјата преку вештините на дел од изработката на овој редок занает – тајна заштитен Бренд како посебен културен елемент на Охрид.

Во оваа пригода од името на Македонските граѓани, семејството Филеви и Америкaнската амбасада за Г-Дин Мајк Помпео изработивме посебен Чибук во дрвена интарзија со Охридски Бисер и манжетни, за Г.ѓа Сузан Помпео посебен ѓердан со обетки Охридски Бисер. – Михајло Филев

Total
0
Shares
Поврзани објави