15 години затвор за мајката која ја принудуваше ќерка си на сексуални услуги за 2.000 денари

Мајката која ја принудуваше малолетната 14-годишна ќерка на сексуални услуги доби 15 години затвор, а екс полицаец кој учествувал во чинот заработи казна од 18 години затвор.

Ова е одлуката на скопскиот Апелациски суд.

Мајката призна дека ја запознала ќерката со полицаецот и ја носела во неговата куќа, каде тој вршел полови дејствија врз девојчето, а за возврат мајката добивала 2.000.

Вината ја призна и екс полицаецот.

Судот констатираше дека поради сериозноста на кривичното дело максималната казна е 20 години, но поради признанието, казната е 18 години затвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Зеќири останува во притвор

Поранешниот владин генерален секретар Мухамед Зеќири останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи денеска Апелација го потврди…