16- годишно девојче живеело во домашен затвор малтретирано од мајка ѝ

Полицијата вчера по претходни сознанија упаднала во нивниот дом во Карпош

Мајката е пренесена во психијатриска болница и ќе одговара кривично, а девојчето ќе добие старател

Шеснаесет годишно девојче од Скопје подолго време било држено заклучено дома и било малтретирано од својата 44-годишна мајка. Нејзината голгота завршила вчера кога полицијата по претходни сознанија, влегла во нивниот дом.

„На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен судија, а во присуство на претставници од Првата детска амбасада ‘Меѓаши’ и од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје, влегле во домот на подрачјето на Карпош, каде што биле затекнати 44 -годишната жена и нејзината 16-годишна ќерка. Притоа било констатирано дека малолетничката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот“,

соопштија од МВР.

Мајката е приведена и денеска е пренесена во психијатриската болница во Бардовци. Против неа првично ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 140 став 5 и по чл. 201 од Кривичниот законик, а се преземаат и дополнителни мерки и активности.

На девојчето му е пружена соодветна помош и е сместено во здравствена установа, каде што е згрижена, а по службена должност ќе ѝ биде определен старател.

фото : илустрација


Total
0
Shares
Поврзани објави