185 килограми марихуана запленети во викендичка на Огражден

Струмичката полиција заплени околу 185 килограми марихуана. Марихуаната која била спакувана во 80 полиетиленски вреќи е откриена во викенд куќа во населбата Суви Лаки во атарот на општина Берово. Сопственик на куќата е 63 годишен струмичанец, но истата ја користел и неговиот 21 годишен син. Дрогата била откриена откако полицијата извршила претрес во куќата за кој претходно наредба издал судија од беровскиот суд.

-Врз основа на наредба од судија на претходна постапка при Основен суд – Берово, извршен е претрес на дом и помошни простории при што во помошна просторија остава-шупа пронајдена е марихуана спакувана во 18 полиетиленски кеси со маса од околу 185 килограми.
По преземените истражни дејствија, во викенд куќата исто така пронајдена е марихуана. Лицето М.П 21 госишен од Струмица е лишено од слобода и задржано во просториите на СВР Струмица, изјави рече Хризантема Рендевска портпарол на СВР Струмица,

Од полицијата информираат дека интензивно работат на расчистување и документирање на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во меѓувреме се трага по уште две лица кои најверојатно се инволвирани во овој случај.

Total
0
Shares
Поврзани објави