1ТВ: Обезбедувањето на Мијалков пукало во Кочани, повредено едно лице

1ТВ екслузивно дознава дека имало пукање во Кочани. Пукал Драган Делски, актуелното обезбедување на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Повредено е лицето викано под надимак „Дач“, кој  според нашите информациите на 1ТВ бил во критична состојба, со рана на страничниот дел на стомакот.

Неофицијалните извори брифираат дека пукотниците биле во близина на ресторанот „Аква“ при меѓусебна престрелка од страна на двете групи.

Од полицијата информираат дека пукотниците се случиле во 17.15 часот и дека работат на расветлување на случајот.

извор : 1 TV.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави