20 автомобили утринава се испокршени и уништени во катна гаража позади трговскиот центар „Буњаковец“ во Скопје

Околу 20 автомобили утринава се испокршени и уништени во катна гаража позади трговскиот центар „Буњаковец“, дознава „Фокус“.

Според фотографиите со кои располагаме, автомобилите во катната гаража се со скршени стакла, скршени предни и задни шофершајбни, уништени врати…

е уште официјално не е позната причината – што точно се случило, но од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ го потврдија случајот.

„На 22.07 во 07.25часот во СВР Скопје било пријавено дека во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар имало оштетено неколку возила. На лице место излезени полициски службеници и се работи на расчистување на случајот“. се наведува во одговорот од МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави