20 убиени 26 ранети во Тексас

Најмалку 20 лица се убиени , а 26 се повредени со прострелни рани , кога Патрик Касиус со калашников влета вчера во трговскиот центар во Ел Пасо , Тексас.

Тој влегол во трговскиот центар веднаш почнал да пука во купувачите и вработените. Се претпоставува дека мотив на монструмот е расистички , бидејќи на 20 минути пред нападот , тој објавил манифест во кој изразува расистички ставови, како загрозен припадник на белата заедница во САД против мигрантите.

Убиецот патувал над 1000 километри од градот Ален во Тексас до Ел Пасо за да го изврши масакрот.

ФБИ води истрага за домашен тероризам , откако е најден манифест со расистичка содржина што 21- годишниот Патрик Красиус кој го објавил на социјалните мрежи.

Total
0
Shares
Поврзани објави