Момчето од Битола кој почина од ковид не бил вакциниран

Фото: Martin Sanchez на Unsplash

Во Битола како последица на ковид-19 почина млад битолчанец, на возраст од 22 години. Од Министерството за здравство тврдат дека момчето не било вакцинирано и имало прекумерна тежина.

– Пациентот беше лекуван во КБ Битола, позитивен на ковид-19 од 9 октомври. Тој првпат се јавил на преглед на 10 октомври на Инфективното одделение во битолската
болница. Според лекарскиот извештај, пациентот бил без знаци за пневмонија, имал температура и му била препишана терапија за дома. Тој бил на лекарски преглед и
следниот ден на 11 октомври, а за 12 октомври на пациентот му биле закажани контролни анализи. На 12 октомври поради влошување на РТГ наодот и лабораториски анализи бил хоспитализиран и ставен на кислородна поддршка. Но кај пациентот прогресивно дошло до влошување на состојбата и тој починал на вчера, на 15 октомври – се наведува во соопштението од министерството.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Мицкоски: Личност која го велича Путин е предлог на власта во работната група за уставни измени, и истата ќе ја плаќаат со народни пари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали очекува исход од работната група за уставни измени ако…
Повеќе

Земјотрес и во Босна

Два земјотреси рано утрово ја потресоа Босна и Херцеговина. Епицентарот на потресите бил на местото на епицентарот на…