24 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 7.571 тестирањe, а регистрирани се 1.074 нови случаи на КОВИД-19, информираат од Министерството за здравство.

Во Скопје има 357 новозаразени, Гостивар и Тетово – по 155, Куманово – 74, Кичево – 51, Струмица – 40, Дебар – 20, Струга – 27, Велес – 22, Прилеп – 21, Битола и Штип – по 17, Кавадарци – 16, Гевгелија – 15, Свети Николе – 13, Ресен – 11, Охрид и Кочани – по 9, Радовиш, Валандово и Кратово – по 8, Богданци – 6, Берово и Македонски Брод – по 5, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 291 оздравен пациент од: Скопје – 81, Гостивар – 80, Тетово – 38, Кичево – 32, Куманово и Дебар – по 12, Радовиш – 7, Битола и Струмица – по 6, Кавадарци и Валандово – по 3, Прилеп, Штип, Свети Николе и Македонски Брод – по 2, Велес, Крива Паланка и Виница – по 1.

Пријавени се 24 починати лица: по 6 починати лица од Скопје (69г,70г,73г,76г,77г и 79г), 5 починати лица од Куманово(59г,60г,67г,69г и 78г), 4 починати лица од Тетово (47г,62г 67г и 68г), 3 починати лица од Кичево (64г,67г и 77г), 2 починати лица од Гостивар (63г и 74г), по едно починато лице од Валандово (43г), Охрид (61г), Струмица (73г), и Битола (74г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 7.571 тест преку: ИЈЗ-289, ЦЈЗ Скопје-87, ЦЈЗ Битола-114, ЦЈЗ Прилеп-73, ЦЈЗ Тетово–178, ЦЈЗ Куманово–86, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-144, Авицена-532, Биотек-394, Систина-129, лабораторија Лаор-612, Синлаб-62, Ремедика-25, Плодност–60, Генеа -5, Никоб лаб-927, ВФВ Медикал-65, Ели Медика-94, Ројал Медика – 104, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.466.

Total
1
Shares
Поврзани објави