3000 евра оштета за скопјанец каснат од куче скитник

Во Одновниот суд 2 во Скопје е изречена пресуда со која судот им наложува на Град Скопје и ЈП Комунална Хигиена да му платат на Скопјанец 185 000 денари штета оти бил каснат од куче скитник.
Настанот се случил во скопската населба Аеродром пред четири години. Во тужбата пишува дека скопјанецот движејќи се во населбата , бил нападнат од куче скитник кое го гризнало за ногата нанесувајќи му повреда. Од повредата тој претрпел материјалната и нематеријална штета бидејќи му биле повредени неговите лични права на душевно и телесно здравје, а за ваквата повреда одговорност имаат тужените Град Скопје и ЈП Комунална Хигиена Скопје кои се должни да се грижат за безбедноста на граѓаните од напади на кучиња скитници, пишува во тужбата. Скопјанецот со раскрварена нога бил однесен во болница каде примил соодветна терапија.
Град Скопје пред судот поднел документација дека има склучено договор со тужениот ЈП Комунална Хигиена за вршењето на работи околу заловувањето на кучињата скитници и со тоа ја пренел својата надлежност на ова Јавно Претпријатие заради извршување на работите од јавен интерес, поради што, нема одговорност за надомест на штетата. Тужениот пак ЈП Комунална Хигиена одговорил дека согласно Законот за Град Скопје во надлежност на градот е заштитата од животни скитници, па во рамките на својата надлежност одговара за евентуалната штета која би била нанесена од куче скитник.
Во текот на судкиот процес бил изведени многу докази меѓу кои и договор склучен помеѓу тужените заведен во Град СКопје од 22.1.2014 како програма за решавање на проблемот со животни скитници на подрачјето на град Скопје во 2014г., на Советот на Град Скопје , фактура доствена од ЈП комунална хигиена до Град Скопје, фактура дневен извештај за извршена ветеринарна услуга на ЈП Комунална хигиена од 3.6.2014г.
Во пресудата пишува дека повредениот дожиевал голем страв и дека одреден период неможел сам да ги обавува сите животни потреби, морал да мирува и му било потребно да вложува дополнителен напор при движењето, одржувањето на лична хигиена, а заради намалување на мускулната сила и тонусот на левата потколеница имал ограничени движења на ногата и неможел редовно да ги обавува секојдневните работи кое нешто кај него предизвикувало душевна болка. Исто така во пресудата е наведено дека скопјанецот трпи и душевни болки поради нагрденост.
“Тужениот град Скопје согласно Законот за Град Скопје има надлежност да се грижи за заштитата на граѓаните од животни скитници, што значи и од кучиња скитници, која заштита може да ја прави непосредно или да основа Јавни служби на кои ќе им го довери вршењето на оваа работа. Во случајов Град Скопје склучил договор со ЈП Комунална хигиена, чиј сопственик и оснивач е самиот, и изготвил програма според која требало да се спроведува ваквата заштита, но со оглед на тоа што, дошло до напад на тужителот од страна на куче скитник значи дека тужените не ги превземале сите обврски во рамките на своите Законски, односно договорени обврски, па се солидарно одговорни да му ја надоместат на тужителот штетата што тој ја претрпел” , пишува во образложението на пресудата.

ФОТО : Илустрација од каснување од куче пред неколку месеци во истата населба

Total
0
Shares
Поврзани објави