Хеликоптерски јуриш на Киев, објавени снимки од руската офанзива (ВИДЕО)

„Руската војска ја проби државната граница во Киевската област. Непријателите влегоа преку преминот Вилч, а нашите граничари заедно со војската се спремни за борба“, соопшти министерството за внатрешни работи на Украина.

Дописникот на Си-ен-ен од Киев објави на Твитер снимка на која наводно се гледа голема јуришна операција со хеликоптери на меѓународниот аеродром Антонов. Како што наведе Кристофер Милер, станува збор за територија која се наоѓа на само 15 километри од Киев.

Друга снимка објавена на социјалните мрежи прикажува 20-30 руски авиони кои го бомбардираат претходно спомнатиот аеродром.

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати во раните утрински часови и го најави почеток на „специјалната воена операција“, чија цел, според него, е „демилитаризација на Украина“.

Total
0
Shares
Поврзани објави