32-годишниот битолчанец кој почина од ковид-19 одбивал да остане во болница, а имал хронична болест

Фото: Martin Sanchez на Unsplash

Министерството за здравство соопшти дека 32-годишниот битолчанец кој денеска почина од ковид-19, и покрај тоа што бил во тешка состојба, одбил да биде хоспитализиран, а имал хронично заболување и не бил вакциниран. Тој имал заболување на црниот дроб и прекумерна тежина.

„Позитивен е од 18.01.2022, прв преглед направен ден претходно кога одбивал хоспитализација, во тешка општа состојба со ниска сатурација. На негово барање примен во дневна болница на 18.01., но поради екстремно тешка состојба задржан вечерта во болница, дадена соодветна терапија и кислородна поддршка. Биле преземени реанимациски мерки, но почина денес во раните утрински часови“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Според Телма, 30-годишниот пациент од Велес, кој денеска исто така е меѓу починатите, била жена во петиот месец од бременоста, која била позитивна на ковид и примена на Инфективната клиника. Но, според Министерството за здравство, по девет дена од лекувањето, состојбата ѝ се влошила. И покрај дадената терапија, младата жена развила многу тешка форма на бронхопневмонија и била поставена на механичка вентилација, по што била префрлена на Клиниката за анестезија и реанимација, каде понатаму е лекувана. Но, и покрај дадената терапија, состојбата постојано се влошувала и пациентката во текот на вчерачниот ден починала.

Велешанката и битолчанецот се најмладите од вкупно 12 починати од коронавирусот во изминатите 24 часа. Петмина од нив биле целосно вакцинирани. 

Total
0
Shares
Поврзани објави