32 дена ИСЧЕЗНАТ ! Што знае полицијата?

-Полицијата во Македонија се уште ме убедува дека мојот син избегал од дома. Тие се некомпетентни. 32 дена без мојот Пино, напиша неговата мајката на Пино Секонди на нејзиниот Фејсбук профил. Се работи за момчето кое се изгуби без трага и глас а неговата мајка бараше помош преку социјалните мрежи. Родителите му живеат во Италија, а дента кога исчезна требаше да ја пречека мајка си во Скопје.

Последни информации официјални за него беа дека момчето се допишувало наводно со девојка од Тетово. Со себе имал два телефони кои не се вклучени од времето на исчезнувањето. Излезен е со автомобил бела шкода со регистарски таблички ск1566ап.

Момчето е исчезнато повеќе од 32 дена , а мајката очајно бара помош , разочарана од полицијата.

Она што во периодот кога исчезна можеше да се разбере е дека бил со другарка во скопска населба по што и кажал дека ќе замине дома но сепак заминал кон Тетово. Од таму се вратил кон Скопје на на обиколницата веќе му се губи трагата.

Нови детали полциијата не соопшти но мајката тврди дека детето не е избегано од дома самоволно како што ја убедуваат.

Неговите блиски велат дека не бил ниту коцкар, ниту користел наркотци. Бил сосема нормално момче со прекрасни родители со мајка голем хуманист и донатор.

 

Total
0
Shares
Поврзани објави