ПАЛЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА МЕЃУ МАНЕВ И ЖЕЖОВСКИ 10 ГОДИНИ ИМАЛО ОМРАЗА Палчо тврди не го познавал велешанецот Панче

Првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Љупчо Палевски денеска во судот објаснуваше дека има алиби за 22 ноември 2023 година, дента кога според обвинението бил убиен велешанецот Жежовски. На овој ден, тој вели дека го поправал котелот на Ерол Османи во Бутел. Османи во своето сведочење тврдеше дека Палевски му го поправал котелот на 28 ноември 2023 година.

Палевски денеска продолжи да одговара на прашања од неговиот адвокат Јовица Страшевски.

Тој рече дека не е точно дека му поправал котел на Ерол Османи на 28.11.2023, туку рече дека го поправал котелот на 22.11.2023. Палевски го  обвини Јавното обвинителство за влијание врз сведоци.

– Имам докази дека Ерол Османи не ја говорел вистината. На 28.11.2023 е невозможно да сум физички присутен во Бутел, каде се наоѓа куќата на Ерол Османи – рече Палевски.

Тој рече дека изготвил анализа од вештачењето на неговиот телефон „ајфон  13“, од апликацијата Телеграм и од неа цитираше неколку податоци.

Според Палевски, тој на 28 ноември, во 8 часот, кога Османи тврди дека му правел сервис, примил порака од Зоран Китевски од Сиднеј. Во 10 часот порака од Зоран, „Ќе имаме ли поткаст?“, потоа порака „Изгледа ќе сме сами јас и ти“. Потоа во 10.03 Палевски вели дека му ѕвонел на Зоран Китевски и се договарале за поткастот и потоа во 10.05 му испратил линк од платформата Рестрим. Тој рече дека поткастот „Лице, ум“ во живо почнува во 10.30 и трае до 12.30 часот. За време на поткастот, во 10.38 палевски рече дека примил уште една порака на Телеграм од бившиот пратеник Јордан Бошков. По една минута тој му пратил порака „во живо сум, поткаст“, а во 10.39 добил порака од Бошков „Добро, на пат сум во Германија седми ден“.

– Во исказот Ерол Османи вели дека во 11.42 часот сум му пратил порака дека сум подобар и дека ќе дојдам кај него. Потоа, тврди дека за 30 до максимум 40 минути сум бил кај него дома во Бутел, додека трае поткастот. Јас сум патувал со „фиат добло“, бело, кон Бутел. На прашање на одбраната истиот сведок во судот изјави дека сервисот траел 40 до 60 минути. Но, проблемот на сведокот, дека не говори вистина, е следната порака од Јордан Бошков. Додека возам, според сведокот Ерол, кон Бутел, во 11.44 ми пратил порака „Палчо, твојот глас послабо се слуша од гласот на Зоран“. Во 10.38 сум добил порака од ќерка ми „тато, ќе можеш да дојдеш денес во 1 пред Алкалоид?“. Во 12.55 се движам со „фиат добло“ кон „Алкалоид“ во Автокоманда, праќам порака „Доцнам 5 минути“, ќерка ми одговара во 12.56 „Нема гајле“, а во 12.57 уште една порака „Само пиши ми кога ќе бидеш доле“. Сите овие пораки се дел од вештачењето на мојот „ајфон 13“. Вообичаено работното време на ќерка ми е до 15.30, но во овој случај ја однесов до Агенцијата за храна и лекови, ја почекав 20 минути да предаде документација од „Алкалоид“, по што ја однесов во куќата во Центар, каде што живее – рече Палевски.

текстот во целост е превземен од порталот Плус инфо

Total
0
Shares
Related Posts