3aeв: “Или сме настанати од мajмyните, или од Адам и Ева” (Видео)

Смешен е проблемот со Бугарија. Тие кажуваат дека ја прифаќаат реалноста за македонскиот идентитет и јазик, но бараат да ги видат корењата, кажа премиерот Заев во неговото гостување на „Утрински брифинг“.

– Со Бојко Борисов кога сум разговарал и ќе ме праша како го сфаќате вие тоа со корењата јас одговарам „по науката сите сме настанати од мајмуните, а по религијата сите сме од Адам и Ева и како тоа само Македонците да се од Бугарите или обратно во цел свет?, додаде Заев.

Тој посочи дека историско-образовната комисија треба да ги разработи сите можни аспекти и за сите историски ликови да се најде решение за тие да не прават пријатели, а не да не делат.

– Не се откажувам бидејќи Европската Унија нема алтернатива. Ние продолжуваме да се европеизираме дома, но не е исто сами да се европезирате и низ процесот на преговори, низ поглавјата. Низ поглавјата и кластерите доаѓаат и милиони за поддршка за да може да те мотивираат и охрабрат да покажеш навистина вредности и ефекти од реформите во државата, кажа Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави