45-годишна жена загина во сообраќајката кај Тетово

45 годишната Ф.Л од тетовското село Доброште загина во сообраќајната несреќа која претпладнево се случи на автопатот Скопје – Тетово. Од СВР Тетово велат дека несреќата се случила во близина на Добарски натпаник кај местото Еребино.

Жената управувала џип Тојота Рав со американски регистарски ознаки и сама била во возилото. Несреќата се случила пред 11 часот, а како што велат од СВР Тетово, до трагедијата дошло откако возилото излетало од коловозот.

На местото на несреќата увид прави Јавен обвинител, а учествува и тетовска полиција.

Total
1
Shares

USJE
Поврзани објави