45 украдени икони пронајдени во Албанија

Откриени 45 украдени икони во Албанија за кои се тврди дека припаѓаат на нашата земја. Идентификацијата на иконите ја врши тим од Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство во соработка со тимови од соседна Албанија. Ова е втор случај, откако успешано беа вратени 25 украдени икони пронајдени на албанска територија.

Според ребалансот на буџетот кој Собранието го изгласа неодамна, Министерството за култура доби помалку средства за 34,6 отсто во програмскиот дел. Средствата кои се скратија не се очекува да ги загрозат капиталните инвестиции и независната културна сцена.

Во буџетот на министерството предвидена е и поддршка на млади лица преку стипендирање на одредени специфични студиски програми во соработа со МОН и Филозофскиот факултет во Скопје. Преку процесот на волонтирање, на младите ќе им се даде можност да се запознаат со работата на одредени институции.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Земјотрес и во Босна

Два земјотреси рано утрово ја потресоа Босна и Херцеговина. Епицентарот на потресите бил на местото на епицентарот на…