50 илјади евра отштета за затвореник, изгубил бубрег и слезина ,го претепал затворски чувар

Затворениот кој пред четири години во затворот Идризово беше крвнички претепан од надзорник односно затворски чувар , деновиве во скопскиот суд 2 добил одлука за исплата на штета поради изгубен бубгер и пукната слезина. Од судот потврдуваат дека има одлука, но бидејќи предметот е во жалбена постапка не соопштуваат детали. По правосилност на одлуката ќе соопштат повеќе информации.
Според сознанијата на dosie.com.mk надзорникот откако добил 6 месеци затвор , по правосилност на пресудата оштетениот поднел барање за штета и добил 50000 евра. Се разботи за случај од 2013 година кога вработенот како виш надзорник во КПУ „Идризово” на 12 март кај бензинската пумпа, по кавга со тупаници го претепал осудениот 37 годишен , кој издржувал казна за кражби.
Според изјавите по настанот двајца осуденици биле во местото викано Свињарник во „Идризово” за да му поправат телевизор на друг затвореник и откако завршиле со работата двајцата осуденици тргнале кон бензинската пумпа за да се вратат во своите простории. Биле пресретнати од надзорникот кој им кажал дека по тој пат не смеат да се движат и почнал да ги навредува по што го истепал едниот затвореник со тупаници и гумена палка и му ставил лисици на рацете. Затвореникот бил однесен во соба, но по кусо време се пожалил на силни болки во стомакот по што бил однесен во болница каде поради тешки повреди од тепањето му биле отстранети бубрег и слезина.

Total
0
Shares
Поврзани објави