75 оздравени, шест починати и 153 новозаболени од Ковид-19

Министерството за здравство информираше дека во последното деноноќие се регистрирани 153 нови случаи на ковид-19, од направени 1279 тестирања, ,шест лица починале, а 75 оздравеле.
Според податоците од Министерството за здравство нновозаболени се регистрирани во Скопје-66, Куманово-13, Штип-13, Прилеп-2, Тетово-20, Струга-7, Битола-1, Охрид-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-12.
„Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-47, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гевгелија-2, Кочани-1, Пробиштип-1. Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен“, соопшти Министерството за здравство.
Во градската Општа болница „8 септември“ по прием е починат 53 годишен пациент од Ресен, како и 61 годишен пациент од Скопје, лекуван болнички до 23 јуни. Во болницата во Штип починаа две лица, 80 годишен пациент хоспитализиран на 5 јуни и 75 годишен пациент хоспитализиран на 24 јуни.

„Во Општата болница во Охрид почина пациент (68г) години, хоспитализиран на 23 јуни, а Институтот евидентира и претходно починат пациент од Тетово (79г)“, соопшти Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 5595, бројот на оздравени пациенти е 2166, а на починати е 265. Вројот на активни случаи е 3164.

Total
0
Shares
Поврзани објави