757 тарантули шверцувани во кутии за бисквити

Филипинската царина на меѓународниот аеродром во Манила заплени 757 тарантули спакувани во кутии за бисквити увезени од Полска.

Полицијата потоа го уапсила и Филипинецот за кого биле наменети егзотичните пајаци. За него, тие биле „колекционерски предмети”.

Филипинските закони за диви животни забрануваат продавање, собирање и поседување такви животни, без неопходните дозволи. Но, и покрај високите парични, па и затворски казни, лани во Манила царината запленила примероци од стотици најразлични видови. Меѓу нив има игуани, камелеони и влекачите наречени брадести змееви.

foto: AP

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Мајмунски сипаници и во Србија

Србија го регистрира првиот случај на заболен со мајмунски сипаници, објави Институтот за јавно здравје „Батут“. „Случајот дијагностички…