9-мина скијачи се загубиле во густата магла на Попова Шапка, полицијата ги нашла и ги спасила

Двајца тинејџери од Тетово претпладнево се изгубиле на скијачките патеки на Попова Шапка поради густат магла. 15-годишно и 19-годишно момче со телефон се јавиле на полициската станица во Тетово од каде на терен ги испратиле полицајците од Попова Шапка и екипи на Елем турс.

Момчињата само кажале дека се изгубиле при спуштање на патеката откако го користеле новиот шестосед за да се искачат на врвот на скијачката патека.

Не знаеле да се ориентираат и поради густата магла да лоцираат каде се, но полицајците по два часа потрага успеале да ги најдат и да ги вратат на безбедно.

Густата магла на скијачките патеки е опасност за ориентирање бидејќи поради неа снежното белило е секаде околу вас, а формите за ориентирање не може да се видат. Дополнително, во такви услови и звуците се неодредени за да се определи локацијата од каде доаѓаат.

Во соопштението на МВР е наведено дека меѓу изгубените имало и туристи од Косово:

-Денеска (9 јануари) во 10 часот и 30 минути, двајца тетовци  на возраст од 15 и 19 години во СВР Тетово пријавиле дека поради неповолните временски услови и густата магла на Попова Шапка, во близина на новиот ГЕ ски-лифт, каде се искачиле да скијаат, се изгубиле и потоа не знаеле каде точно се наоѓаат.Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и екипи од “Елем Турс’ веднаш презеле соодветни мерки за нивно пронаоѓање и ги пронашле двајцата тетовци, како и уште 7 други лица од Скопје, Куманово и соседно Косово кои, исто така, се изгубиле во тој реон.Деветте лица на возраст од 15 до 45 години, околу 12 часот и 30 минути се безбедно вратени, соопшти МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави