Aкадемик Катица Ќулакова: Културно-историските аспирации се другото лице на територијалните аспирации

Со свое видување на актуелните прашања поврзани со источниот сосед, на Фејсбук реагира академик Катица Ќулакова.

“Потсетник:

Ако една држава покажува историски, културни и јазични аспирации спрема историското, културното и јазичното наследство на друга држава, тоа значи дека таа има територијални аспирации.

Културно-историските аспирации се другото лице на територијалните аспирации.

Негацијата на идентитетот на едно културно-историско наследство е, де факто, негација на националниот идентитет.

Негацијата на националниот идентитет е негација на правото на државотворност и сувереност.

Вклучувањето на едно невидливо малцинство (бугарското) во македонскиот Устав како државотворно, значи релативизирање на државотворната улога и статус на мнозинскиот народ (македонскиот).

Невклучувањето на многубројното македонско малцинство во бугарскиот Устав не само што не е цивилизиран потег, туку е потврда на еден константен политички и културен хегемонизам.

Не може меѓународно нелегитимни и културоцидни критериуми да бидат предуслов за добивање државјанство. Етничкото потекло е само еден можен, но не и еднинствен, ниту пресуден чинител за добивање нечие државјанство. Етничката припадност е прашање на лична, колективна и суверена волја, свест и традиција, а не последица на административни притисоци. Но, и таквите административни притисоци се показател за еден опсесивен сон…

Националистичките платформи и негаторските рамковни позиции се облик на политички колонијализам. Тие се ѓаволски круг од којшто може да се излезе само со соодветна терапија, а не со продлабочување на патолошката состојба“, пишува таа.

Total
0
Shares
Поврзани објави