АА бара да се повлече „милицијата“ на ДУИ од Боговиње

Алијансата за Албанците го обвини министерот за внатрешни работи, Арбен Нухиу дека ја залоупотребува полиција за да спречи изградба на водовод во селото Синичани, општина Боговиње.

„Денеска во полициската станица беше повикан на разговор градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили, каде беше предупреден со закани за итно прекинување на работите за водоснабдување на Синичани. Напротив, ако работите не бидат стопирани, Албон Џемаили ќе биде уапсен“, се вели во реакцијата на АА.

Тие тврдат дека работите за проектот за водоснабдување се преземени во согласност со сите законски процедури. „Ваквото однесување на полицијата не може да се смета за ништо друго освен одмазда на ДУИ кои го користат техничкиот министер од редовите на ДУИ, Агим Нухиу, како инструмент за одредени цели“, се додава во реакцијата.

АА ги повикува надлежните органи да интервенираат и да го расветлат случајот со цел општината без закани да продолжи да го гради водоводот.

Од партијата на Зиадин Села тврдат дека слични одмазнички акции полицијата има спроведено и во Арачиново, каде МВР извршил контрола во куќата на семејството Небиу, активист на АА, одмаздувајќи за загубата на ДУИ во оваа општина.

„Овие закани и притисоци за жал доаѓаат веднаш по назначувањето на Агим Нухиу за министер за внатрешни работи. Ова уште еднаш ја докажува злоупотребата на власта за партиски цели од страна на функционерите на ДУИ. Го прашуваме министерот кој е следен да биде загрозен? Куманово, Врапчиште или Гостивар и Тетово? Апелираме до албанскиот министер на МИЛИЦИЈАТА на ДУИ, подалеку од Албанците!”, стои во реакцијата.

За ваквото однесување на министерот Нухиу,  АА ги известиле и амбасадите во земјава каде се жалеле за политичка репресија против жителите кои се лишени од основните услови за живот, како што е водата.

Од МВР сè уште нема официјално соопштение околу настанот и повикувањето на градоначалникот Џемаили на информативен разговор во полиција.

Total
0
Shares
Поврзани објави