Административците што седат дома ќе се отпуштат ако не тргнат на работа

Досегашниот министер за информатичко општество, Дамјан Манчевски вели дека вработените во администрацијата, кои поради епидемијата на корона вирусот до сега седеа дома, а платата им течеше редовно, ќе бидат распределени на работни места.

-Ако некој од административните вработени кои се уште не се распределени, одбијат да работат онаму каде што ќе бидат упатени, тогаш нивните договори ќе бидат прекинати, најави Манчевски.

Во однос на рамковните вработувања, Манчевски, тврди дека коалициските партнери имаат договорен конкретен временски период од само неколку месеци во кој треба целосно да се затвори ова прашање.

-Сите нераспределени да тргнат на работа, а доколку некој одбива, нивните договори ќа бидат прекинати“, вели тој.

Инаку, Манчевски денеска го претстави новиот унифициран систем наменет за подобрување на работењето на државните институции, со кој процесирањето на документите и спроведувањето на работните процеси во институциите може да се одвива целосно електронски.

Дополнително,  ДМС системот овозможува електронски решавање на предметите односно барањата за услуги, поднесени од преку порталот uslugi.gov.mk кој денеска го користат повеќе од 25. 000 граѓани. 

Исто така, oвој систем им овозможува на раководните лица да имаат редовен преглед кој вработен колку предмети сработил. На овој начин, вработените се отчетни пред раководителите, но и пред граѓаните. 

„Цврсто сум уверен дека овој начин на електронско работење и контрола, ќе придонесе за намалување на корупцијата и директно ќе влијае на откочување на административно закочени процеси“, рече министерот Манчевски. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави