Адвокатот Дељо Кадиев: Членовите на Судски совет да дојдат во судница да ги докажат нивните препораки за безбедност во време на пандемија

По одлуката на Судскиот Совет и препораката да се одржуваат притворски предмети реагираат адвокатите кои секојдневно се во судниците во кои има многу луѓе, странки и несоодветни услови за работа. Истовремено дел од адвокатите се во ризичните групи или со старосна граница која ги опфаќа во групата на која им е забрането движење по 11 часот. Еден од адвокатите кои отворено прашува дали е безбедно да се оди во судница и дали членовите на судкиот совет би дале личен пример со присуство во судница е адвокатот Дељо Кадиев. Во продолжение неговата реакција:

Лесно е да се биде генерал и од позадина да се командува и да се издаваат наредби, но тоа не Ве прави лидер. Ретко објавувам статуси,но не можев да останам индиферентен на оваа ситуација.
Денес сме соочени со една ситуација каде Судскиот совет очигледно ги побркал приоритетите,кое нешто не можам да прифатам дека е случајно. Дали приоритетот на судење на „определени предмети“ е поголем приоритет од здравјето,па и животот. Или поинаку,почитувани членови на судскиот совет, дали Вие сметате дека здравјето на сите учесници во постапките и кога велам на сите, не мислам само на адвокатите, обвинетите, сведоците, оштетените, но исто така и на обвинителите и судиите, треба да бидат доведени во опасност заради некои „повисоки интереси“. Се прашувам, што Ве наведе да како повисок интерес го сметате одржувањето на овие рочишта, одколку здравјето на граѓаните? Да, на граѓаните, бидејки со ваквиот начин на постапување не го загрозувате само здравјето на Судиите на кои сте им „надредени“, туку го загрозувате и здравјето на останатите учесници во постапката,кои не се должни да ги почитуваат Вашите наредби. Не е должен никој останат учесник во постапката да ги слуша Вашите „препораки“ за одржување на судења. Заканите со казнување адвокати и поставување на адвокати по службена должност,е едно несоодветно однесување во ваква ситуација на пандемија,но секако постои и право на личен избор на бранител,така да поставувањето на адвокатти по службена должност во ваква ситуација е неприфатливо. Друго е прашањето и дали некој ќе прифати да биде бранител по службена должност во ситуација на пандемија. Сите ние,адвокатите, обвинителите и судиите после судењата одиме дома кај своите блиски и нив, заради ваквите Ваши препораки ги изложуваме на опасност од зараза. Дали сте свесни дека доколку некоја зараза се рашири од судница директно Вие ќе бидете одговорни?!
Лесно е да се даваат „препораки “ за одржување на судења „од позадина“ или од канцеларија,каде е заштитен тој што ја дава ваквата „препорака“. Доколку членовите на судскиот совет навистина сметаат дека нивните препораки се соодветни на ситуацијата во која се наоѓаме, треба да дадат личен пример и да дојдат во судница за да ни покажат дека е безбедно да се седи во судницата во која се одржуваат судењата. Секако, судот обезбедува средства за заштита- маски и ракавици,па нека дојдат и само така со личен пример ќе ни докажат дека е безбедно судењата да се одвиваат и во ваква вонредна состојба.

Total
0
Shares
Поврзани објави