Аеродромите се отвораат на први јули, а граничните премини утре

Двата аеродроми во земјава од среда први јули целосно ќе бидат отворени за сообраќај. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на Арачиново потврди дека согласно одлуката на Владата аеродромите во Скопје и Охрид ќе бидат отворени во среда. Тој рече дека компанијата ТАВ заедно со Комисијата за заразни болести работат на протоколите и точно ќе се знае како ќе се однесуваат тие што ќе патуваат до Македонија и надвор од Македонија.
Аеродромите во земјата беа затворени ба 16 март годинава, поради пандемијата со коронавирусот Ковид 19.

Утре пак се отвораат сите копнени гранични премини во земјата, а македонските државјани и странците ќе може да се движат слободно без да имаат ПЦР тест и без да одат во карантин.

Total
0
Shares
Поврзани објави