Агим Чеку повикан во Хаг како осомничен

Поранешниот командант на главниот штаб на Ослободителната војска на Косово, бивш премиер и министер за одбрана на Косово, Агим Чеку, вчера е повикан да се појави на сослушување пред Специјалното обвинителство во Хаг на 28 септември.

Тој за порталот Коха.нет изјави дека е повикан како осомничен.

„Вчера добив покана како осомничен. Патувам на 28 септември“, рече Чеку.

Со поканата од Специјалниот суд во Хаг до Чеку се комплетира бројот на повикани членови од главниот штаб на ОВК и најголемиот број команданти на зони.

Според информациите од Здружението на ветерани на поранешна ОВК, околу 250 нивни членови се повикани пред Специјалниот суд како осомничени или како сведоци.

Специјалното обвинителство во Хаг првите обвиненија против осомничени поранешни припадници на ОВК за злосторства извршени за време на војната на Косово ги поднесе во февруари годинава.

Потоа, во јуни, Обвинителството до Специјализираните совети на сослушување поднесе обвинение со кое Хашим Тачи, Кадри Весељи и други лица се товарат за злосторства против човештвото и за воени злосторства, вклучувајќи убиства, присилно исчезнување, прогонства и тортура.

Total
0
Shares
Поврзани објави