Ахмети во Приштина ќе сведочи за неговата улога во УЧК

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на 2 септември ќе сведочи на Специјалниот суд за воендите злосторства во Косово, јави ТВ21 повикувајќи се на извори од партијата.

Од партискиот кабинет на Ахмети, за телевизијата, ја потврдиле информацијата дека нивниот претседател за 10 дена ќе оди за Приштина да сведочи за неговата услога во ОВК.

Меѓународните обвинители, се посочува, побарале Ахмети да биде два дена на располагање за неговото сведочење.

Лидерот на ДУИ Ахмети минатиот месец на на неговиот фб профил објави дека на покана од Специјалното обвинителство на Косово ќе се јави во Специјалниот суд во Хаг да сведочи како еден од основачите на ОВК. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави