Ако нема посебен закон медицинските сестри ќе заминат од земјата

Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари и акушери бараат владата да донесе посебен закон ако сака да спречи заминување на медицинските сестри во европските земји.

Од Унијата сметаат дека законот треба да ги дефинира задачите и надлежностите на медицинските сестри за да се знае јасно нивната одговорност.

„Ние немаме зададени компетенции и задачи, ниту можеме да си ја одредиме одговорноста и како фела сме маргинализирани и оставени сме на милост и на немилост на политиките на менаџерите во здравствените институции, изјавиле за медиумите од Здружението на медицински сестри.

Според нив, голем дел од медицинските сестри веќе учат странски јазици и веднаш после завршувањето на пандемијата имаат намера да заминат од државата.

„Основната причина е во нерегулирање на дејноста на професијата. Има комплетно незадоволство во целокупната фела“, велат од Здружението.

Инаку, главната медицинска сестра на Инфективната клиника Зорица Љубичиќ-Митиќ и уште две колешки, Силвана Рогиќ и Дивна Бојческа, доставиле откази.

Total
0
Shares
Поврзани објави