Актерката Силвија Стојановска осудена на 3 и пол години затвор за транспорт на 700 килограми кокаин – до правосилност на пресуда оди на слобода

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија, Шпанија. Нејзиниот партнер, Воислав Будисавјевиќ, доби седум години затвор. Пресудата ќе ја обжалат пред Апелациониот суд во Скопје, бидејќи двајцата сметаат дека не се виновни и дека не го сториле делото за кое беа гонети од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

До правосилноста на пресудата, актерката Стојановска ќе биде на слобода, но со одземен пасош и повремено јавување во суд. Актерката Силвија Стојановска и нејзиниот екссопруг, Воислав Будисављевиќ на првото рочиште пред судот кажаа дека не се чувствуваат и виновни за делата за кои се гонат од Обвинителството за гонење организиран криминал.

Двајцата во воведните зборови кажаа дека немаат никаква врска со купување и продавање на 700 килограми, како што стои во обвинението.

Според обвинението, Стојановска и Будисавјевиќ организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Актерката, нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ и неговиот брат, кој има исти иницијали В.Б., се дел од организирана криминална мрежа која договорила набавка на кокаин во Колумбија, го пренеле преку Атлантскиот океан во Шпанија, го сокриле во магацин во Мадрид и договориле негова продажба. При првото притворање, на прашање дали тргувала со дрога, актерката рече: „Боже, Боже“.

Total
0
Shares
Поврзани објави