Алармантно, над 1400 новозаразени со коронавирусот

Во последните 24 часа се направени 3.398 тестирања, а регистрирани се 1406 нови случаи на ковид-19. Најмногу новозараени има во Скопје со  над-620, а другите поголеми градови имаат меѓу 100 и 50 новозаразени.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 937 оздравени пациенти. Најмногу оздравени има во Скопје, скоро 400 пациенти, а секој од останатите градови имаат под 50 оздравени.

Починати се 21 лице, шест пациенти од Скопје (77, 64, 74, 81, 73 и 74г), тројца од Штип (84, 70 и 62г), тројца од Прилеп (51, 40 и 55г), еден пациент од Струга (64г), четири од Битола (77, 77, 79 и 74г), еден од Гостивар (72г), еден од Радовиш (70г), еден од Македонски Брод (66г) и еден пациент од Берово (85г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 50015, бројката на оздравени пациенти е 29583, на починати е 1397, а бројот на активни случаи изнесува 19035.

Total
0
Shares
Поврзани објави