Албанија од 1 јуни ги отвора копнените граници со соседите и хотелските плажи

Албанија од 1 јуни ги отвора копнените граници со соседите, како и хотелските плажи, додека на плажите на целото крајбрежје туристи ќе може да престојуваат од 10 јуни.

Веста ја соопшти албанскиот премиер Еди Рама во рамки на олеснувањето на мерките против ширењето на пандемијата на Ковид-19.

– Подготвени сме да ги отвориме копнените граници, но мора да добиеме одобрение од земјите со кои имаме директни врски за воздушен сообраќај. Ако не се согласиме, тие нема да бидат отворени. Шенген е затворен до 15 јуни и летовите меѓу државите во моментот се прекинати. Вирусот не замина, тој е меѓу нас. И опасноста од нов бран е реална. Почнувајќи од понеделник, 1 јуни, ќе ги отвориме копнените граници со соседите, Косово, Северна Македонија и Црна Гора, но граѓаните ги повикуваме да бидат  внимателни, истакна Рама.

Според него, од истиот датум се отвораат и хотелските плажи, додека од 10 јуни туристите ќе може да престојуваат на која било плажа од албанското крајбрежје. Се разбира, додаде тој, според посебни правила и зголемена контрола.

Албанија во просек годишно ја посетуваат околу пет милиони туристи, вклучувајќи ги и албанските мигранти кои летниот одмор го минуваат во татковината. Од странските
најбројни се косовските и македонските туристи.

Исто така, премиерот Рама нагласи дека изминатиот ќе биде последен викенд на  ограничувања во движењето на граѓаните на целата територија на земјата, но „викендот без автомобили ќе остане во сила и за следните две саботи и недели“.

Тој најави дека по завршување на летната туристичка сезона ќе се воведе недела без автомобили, што подразбира дека во неделните денови, се до крајот на март следната година, ќе има забрана за движење со автомобили.

Утре на Комисијата за заразни болести во Македонија една од главните теми ќе биде и отворањето на границите. Информацијата е потврдена од министерот за здравство Венко Филипче.

Total
0
Shares
Поврзани објави