Али Ахмети повикан како сведок од Хашкиот специјален суд во случајот против Тачи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, официјално е повикан од Косовскиот специјален суд со седиште во Хаг, со цел да сведочи во случајот против претседателот на Косово Хашим Тачи. Косовскиот портал Инсајдер тврди дека поканата на од судот на Ахмети му е пристигната порано, но поради изборите во Северна Македонија, било побарано сведочењето да се одложи за подоцна.

Ахмети е еден од основачите на Ослободителната војска на Косово, чии челници од специјалниот суд сега се осомничат за извршување на воени злосторства и за убиството на над 100 цивили, меѓу кои има Албанци, Срби и останати косовски граѓани, во текот на војната во 1999 година, но и после тоа.

Косовските медиуми се обиделе да добијат став од челнивите на ДУИ, меѓутоа Бујар Османи и Артан Груби биле недостапни.

Косовскиот претседател Хашим Тачи минатата недела цели четири дена беше испрашуван од хашките обвинители и судии поврзано со обвинението кое го терети него и останати челници на ОВК за воени злосторства и убиства на цивили. Тачи за време на испрашувањето во Хаг се појави видно вознемирен и исплашен, иако пред јавноста постојано тврдеше дека нема извршено никакво злосторство и дека војната на ОВК била праведна.

Хашките обвинители соопштуваа дека обвинението против Тачи не е против ОВК и Косово, туку поради него затоа што одговорноста е иднивидуална, а не колективна.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави