Амди Бајрам со ампутирана нога прв пат во јавноста

Долгогодишниот пратеник и претседател на Сојузот на Ромите,
Амди Бајрам вчера по подолга пауза се појави во јавноста во неговата Шутка на собирот организиран од коалицијата “Можеме”.

На Амди Бајрам му е ампутирана десната нога поради компликации настанати како резултат на долгогодишни проблеми со шеќерот.  Пред неколку месеци за само една недела му биле направени две операции, а
при вториот зафат, ампутирана му е десната нога до потколеницата.
Во изјава за весникот ВЕЧЕР , Бајрам потврди дека сега
закрепнува во домашна атмосфера. Првата операција се
случила на хируршките клиники во Скопје,а втората во болницата Жан Митрев.

-Јас сум секогаш оптимист, но шеќерот си го направи своето.
Не сум обесхрабрен. Во рок од седум дена ми направија две
операции. Вториот пат ми ја исекоа ногата до под коленицата,
во Жан Митрев. Добро се чувствувам и се надевам дека се ќе
биде во ред. Чекам да ми заздрави раната, па потоа ќе ставам
протеза. Ќе застанам на нозе повторно, и со нови сили се
враќам на политиката. Ова е само една епизода од
животот –  изјави  Бајрам за весникот ВЕЧЕР.

Веста и фото сопственост на Вечер.мк В.М.Б. Фото: П.Стојановски

Total
0
Shares
Поврзани објави