Ана од Кавадарци, војник доброволец, мајка на 3,5 годишна ќерка

Во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман новата генерација војници-доброволци даде свечена нзаклетва . Меѓу стотина нови војници беше и кавадарчанката Ана Најдова-Личнова, која е прва во 36-те генерации војници што се решила да служи воен рок доброволно, а воедно е и мајка. На свечениот чин присуствуваше и нејзината 3,5-годишна ќерка Мила. Возбудата што по десетина дена повторно ја гледа мајка си беше голема, и Мила силно ја гушкаше Ана.

-Разделбата со ќерката беше тешка, но за да успеам во животот и поради неа и поради мене, ќе стиснеме заби. Што се однесува до војничкиот живот, во првите денови беше ново и тешко, но потоа се привикнав и станува навика, рутина. Планирам еден ден да бидам дел од професионалниот кадар на АРМ, кажа Најдова-Личнова.

Ана Најдова-Личнова била вработена во фабрика за автомобилски делови во Кавадарци и е завршен правен техничар. Ана е една од десетте жени меѓу 104-те војници-доброволци кои во касарната во Велес следните три месеци ќе бидат на обука. Во претходните генерации, за 13 години, околу 5.200 доброволци отслужиле воен рок.

Total
0
Shares
Поврзани објави