Анализа: Недостатокот на водовод во ромските маала ги прави упатствата за миење раце безначајни

Строгите хигиенски правила неопходни за превенција на ширењето на Ковид-19. Во Албанија, помалку од половина од ромските домаќинства имаат пристап до водовод во своите живеалишта. Toa ги прави безначајни упатствата за миење раце.

Многу Роми немаат пристап до здравствени услуги. Во Косово, само 10 % од Ромите постари од 15 години имаат здравствено осигурување. Во Албанија, бројката е 27 %.

Ромите редовно искусуваат дискриминација во здравството, и мала е веројатноста тоа да се промени во време на коронавирусот.

Како многумина во Западен Балкан, тие се навикнати да плаќаат „бакшиш“ (мал поткуп) за да го добијат третманот што тешко можат да си го приуштат. Мораат да плаќаат и за лекови, кои се исто така прескапи за нив.

Поради таквите искуства многу Роми може да не побараат медицинска грижа дури и ако е бесплатна.

истражувањето е дел од поголема студија на авторите вклучени во „Towards a New Policy with Roma in the Western Balkans“, иницијатива на Централниот совет на германските Синти и Роми (Zentralrat Deutscher Sinti und Roma) во соработка со Roma Active Albania (Албанија), Otaharin (Босна и Херцеговина), Advancing Together (Косово), Voice of Roma, Ashkali and Egyptians (Косово), Phiren Amenca (Црна Гора), Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико (Северна Македонија), Асоцијацијата на координатори за ромски прашања (Србија) и Forum Roma Srbije (Србија). Иницијативата е поддржана од Германската канцеларија за надворешни работи.

извор: balkaninsight.com

Фото: Ѓорѓи Личовски

Total
0
Shares
Поврзани објави