Во редакцијата на dosie.mk постојано пристигнуваат писма на осудени лица кои се моментов на издржување затворска казна во КПУ Идризово. Наводите од истите ги проверуваме и во наредните денови ќе ги објавиме во нашата АНАЛИЗА. Поради сериозните индиции наведени во писмата , за корупција , неправилности во работата, повреди на Законот за работни односи и непочитување и злоупотреби со правата на затворениците, до Директорот на КПУ Идризово Антонио Димов на службениот мејл редакцијата на dosie.mk му испрати прашања на кои очекуваме одговори и појаснување на актуелните состојби во затворот.
Во меѓувреме од КПУ Идризово дознаваме дека воспитувачите подготвуваат списоци за пробација ( алтернативни мерки за затворска казна и куќен затвор) и дека Идризовските чауши “тријат раце”. Како што информираат затворениците повторно “платишите” имаат предност без разлика на исполнувањето на основните услови како што се: 1.дисциплина 2.поведение 3.вид на кривично дело 4.примарен или повратник 5.можност за повторливост на кривичното дело. Без оглед на наведените услови, на списоците за пробација се ставале лица по партиски номинации, лица кои во имаат повеќе инциденти и тепачки, рекетирање и изнуди во затворот како и генерална недисциплина. Се шпекулира со суми од 300 до 700 евра по заменет месец затворска казна зависно од информациите во досието, односно потреба од хемиско чистење на истото од казнени рапорти и претходниот минат труд на осуденикот колку спремно плаќал до сега и колку може да плати.
Затворениците го повикуваат актуелниот Директор на КПУ Идризово АНТОНИО ДИМОВ како нов во затворската бранша и сеуште не запливан во матните коруптивни води на неговите најблиски соработници ( за што dosie.mk му постави интересни прашања на кои чекаме одговор) да ја искористи оваа историска шанса да стави крај на сите Идризовски паши од Управата и нивните верни калфи меѓу затворениците.
Новиот Директор е на потег. Ќе одговори или не? Ќе ја превземе ли одговорноста за кривичните дела на неговите први соработници некои дури и се со несоодветно образовение останува да читате детали во следното продолжение на dosie.mk.
(продолжува)
Поврзани објави
Последна вест: Изгоре цело приемно одделение во затворот “Идризово”
Според последната информација која стигна од најголемиот затвор во Македонија Идризово, претпладнево имало голем можар во кој изгорело…
Боки 13 до судиите: Tреба да бидам жив и здрав, а не мртов
Бојан Јовановски бара да биде пуштен да се лекува оти ке умре. Неговиот адвокат даде голема медицинска документација…
Турција усвои закон што ќе овозможи ослободување на затвореници
Со 279 гласа „за“ и 51 „против“ турскиот Парламент усвои закон со кој ќе се овозможи ослободување на…
МВР ФОТОГАЛЕРИЈА: Уапсен началникот на штипската полција , притвор за 11 осомничени
На 15.02.2019 година, од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во…