Ангеловска: Почнува издавањето на домашната платежна картичка

Од денеска секој граѓанин ќе може да провери дали е корисник на домашната платежна картичка.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска соопшти дека списоците на корисниците согласно дефинираните каритериуми со владината уредба се изготвени и конечната листа е објавена на веб-страницата kupuvamdomasno.gov.mk.

Таа истакна дека се печатат и првите картички и наскоро ќе почнат да се издаваат на корисниците.

Банките ќе почнат да ги доделуваат картичките од крајот на оваа недела, а сите картички ќе треба да бидат издадени најдоцна до 18 јули и искористени најдоцна до 15 август.

Заведени се вкупно 324.479 корисници на листата за Домашна платежна картичка и согласно тоа мерката ќе чини 28 милиони евра, односно поточно 27,8 милиони евра. Со овие средства ќе се поддржат таргетираните категории граѓани, ќе се поттикне потрошувачката на домашни производи и услуги и преку вбризгување на 28 милиони евра ќе се поттикне економската активност. Ова ќе придонесе за ревитализирање на македонската економија во услови на Ковид-19, истакна министерката Ангеловска.

Корисници на домашната платежна картичка се четири категории граѓани. Првата се граѓани со низок доход, односно приматели на социјална помош и невработени евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување до 22 мај 2020, кои оствариле нето-доход до 180.000 ден во 2019 и нето-доход до 60.000 ден. во период јануари-април 2020 согласно евиденцијата на Управата за јавни приходи. Во оваа категорија 115.927 лица еднократно ќе добијат 9.000 денари на платежната картичка

Потоа вработени со низок доход кои се 117.144 лица и тие ќе добијат 3.000 денари еднократно. Ова се лица кои се во работен однос и кои за периодот јануари- април  2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП. Тие ќе добијат и ваучер за домашен туризам од 6.000 денари преку мерката за јакнење на домашниот туризам на Министерство за економија.

Домашна картичка добиваат млади лица чиј број изнесува 87.014 кои ќе добијат еднократно 3.000 денари. Станува збор за лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години заклучно со 22 мај 2020 година, активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование.

Домашна картичка ќе добијат и 4394 здравствени работници ангажирани во справување со Ковид-19, кои ќе добијат 40 отсто од последната основна нето-плата. Станува збор за вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и  вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од Ковид-19.

Граѓаните кои имаат една трансакциска сметка кај банка издавач на картичката ја добиваат од таа банка. Граѓаните кои имаат две трансакциски сметки, картичката ја  добиваат од банката преку која добиваат плата или социјална помош. Оние граѓани пак, кои имаат трансакциска во банка која не е дел од проектот и граѓаните кои немаат трансакциска сметка се распределени кај една од банките според принцип на фер распределба.

Картичката ќе се користи за купување македонски производи и услуги  во ресторани, кафулиња, брза достава, хотели, одмаралишта, сместувачки капацитети, туристички агенции, трговија на мало продавници за храна и пијалоци, зелени пазари, аптеки и фризерски салони и салони за разубавување.

Домашната платежна картичка е дел од третиот сет економски мерки кои имаат за цел да ја заживеат економијата во фазата на нејзино постепено реотварање.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Сметките на репортерот на Тајмс, Рајан Мек, новинарот на Пост, Дру Харвел, новинарот на Си-Ен-Ен, Дони О’Саливан и новинарот на Машебл, Мет Бајндер се суспендирани од Твитер

Синоќа Твитер ги суспендираше сметките на неколку истакнати новинари кои неодамна пишуваа за неговиот нов сопственик Илон Маск,…