Антикорупциска: Не може уставните судии сами да си ги зголемуваат платите

Државаната комисија за спречување корупција ќе разгледува и ќе утврдува дали може уставните судии со измена на деловник на рабта да си доделат надоместоци на плата. На 22 октомври годинава Уставниот суд одлучил на судиите да им се исплатува за 35 отсто повисоки додатоци на плата. Претседателката Билјана Ивановска вели дека тоа на таков начин не е можно. 

Факт е дека треба закон за работење на уставниот суд. Исто така и разбирам дека тие работат по деловник стар од 91. година. Неодамна уставниот суд го променил Деловникот и земал одредба од законите кои ги третираат тие права, но не може ништо да се уредува со Деловник, ако истото тоа треба да се уреди со закон, истакна Ивановска.

Total
0
Shares
Поврзани објави