Антикриорупциска комисија: Министерот Филипче може да го смени од функција директорот на Центарот за јавно здравје Зибери

„Четири месеци градиме доверба и работиме транспарентно. Во ниеден момент не донесовме политички мотивирани одлуки и ова вие добро го знаете. Вашата изјава е неточна, штетна и пред сѐ неколегијална, што исклучително ме загрижува“, вели министерот Филипче во одговор на обвинувањата од директорот Зибери

Според Државната комисија за спречување на корупцијата нема правни пречки министерот за здравство Венко Филипче да го смени директорот на Центарот за јавноз дравје Арбен Зибери. Министерот денес најави дека ќе провери дали може во време на кампња за парламентарните избори да го смени директорот и ако може тоа веднаш ќе го направи, откако тој претходно се пофали на социјалните мрежи дека помогнал Комисијата за заразни болести да ги отвори границите за да можат да дојдат граѓаните кои живеат во странство и да биде избран премиер албанец. Зибери и самиот е кандидат за пратеник на ДУИ.

Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК вели дека нема правна пречка за смена на директорот во време на предизборна кампања. Таа објасни дека законски се забранети нови вработувања и отпуштања, но не и смена од функција.
„Не гледаме правни пречи да се спроведе мислата на министерот дотолку повеќе што во забраните во изборниот законик и во нашиот закон стои дека се забранува покренување постапка за престанок на работен однос. Тој ќе се промени од функцијата, но неговиот работен однос ќе си продолжи и понатаму пред да биде директор во институцијата. законот вели дека е забрането почнување на постапка за вработување или за престанок на работен однос а не за престанок на функција“, вели Ивановска.

Не е вистина, ќе проверам дали сега може Зибери веднаш да биде сменет, рече министерот за здравство Венко Филипче

По најавата од Филипче дека сака да го смени Зибери, тој повторно на социјалните мрежи одговори дека е кандидат за пратеник и дека има право на политички став на неговиот приватен фејсбук профил и дека не ја злоупотребил институцијата со која раководи. Според Зибери тоа го прави министерот филипче.
На оваа објава од Зибери на министерот Филипче на социјалните мрежи одговори дека нема да дозволи политичко поентирање на сметка на епидемијата.

„Tоа што сте во изборна кампања не ви дава за право да изнесувате невистини и да ја поткопувате работата и одлуките на Комисијата за заразни болести. Четири месеци градиме доверба и работиме транспарентно. Во ниеден момент не донесовме политички мотивирани одлуки и ова вие добро го знаете. Вашата изјава е неточна, штетна и пред сѐ неколегијална, што исклучително ме загрижува. Моја должност како министер меѓу другото е да го штитам угледот на колегите од комисијата и нивните стручни одлуки. Верувам дека разбирате каква штета нанесувате во овие чувствителни моменти кога заеднички се бориме за иста цел. Го ценам придонесот на сите кои се борат со епидемијата, вклучително и вашиот, но нема да дозволам политичко поентирање на сметка на епидемијата“, вели Филипче во одговорот до Зибери.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Aрмиски хеликоптер е им се помага на пожарникарите и месното население во гасење на пожарот меѓу селата Митрашинци и Будинарци кој е надвор од контрола

Со армиски хеликоптер кој тргна кон беровскиот регион ќе им се помага на пожарникарите и месното население во…