Апел на момче од Кавадарци: Дајте ми работа , ако сум малку побавен од другите сакам да работам

Попладнево 30 годишно момче од Кавадарци сподели апел со кој бара да најде работа. Во апелот се таргетирани невладини организации ,градоначалникот на Квадраци , владини претставници а поентата на момчето е дека иако има проблем за да работи не значи дека е неспособен и дека нема огромна желба за работа. Неговиот апел го споделуваме во целoст:

🆘 Јас сум Јасмин, имам 30 години и, откако завршив средно училиште во СОУ „Киро Спанџов – Брко“ – Кавадарци, не сум работел на ниту едно место.

‼️ Ова не е затоа што јас не сакам да работам, напротив, имам поднесено апликации и биографија на стотици места изминатите 12 години, но ниту една фирма, организација или институција не ми дала работа.


⚠️❗️Секако, во меѓувреме се обидував постојано да се надоградувам. Околу 8 години волонтирав во неколку невладини организации, како Младинска Асоцијација Креактив КавадарциИнфо Сега и Sppmd Sovet каде што научив многу вештини. 📖🙏

💻💿 Од време-на време поправам по некој компјутер или телефон, но ова го правам од љубов, за пријатели и роднини и немам заработка.

❗️❗️❗️ Моментално, на 30 години, мојата целосна егзистенција зависи од моето семејство, но не сакам тоа да биде така. Сакам јас да заработувам и самиот да се грижам за себе.

⁉️ Причината поради којашто никој до сега не ме вработи, можеби, е тоа што, јас, малку побавно од другите ги правам работите. Немам некоја дијагноза, но, едноставно, ми треба поддршка и асистенција при работата и ми треба време за добро да ги завршам задачите.

Пред да почне кризата со коронавирусот бев на средба со Митко Јанчев – Градоначалник на Општина Кавадарци, но, и покрај тоа што тој ми побара информации за контакт, не добив никаков одговор од до денес.

📢📢 Ве замолувам сите, да ја споделите оваа објава за да ми помогнете да најдам работа.

🔴 Најдобар сум во работењето со компјутери 🖥, телефони📱, кабли и друга технологија, но можам да научам и нови вештини доколку работното место го бара тоа. 🖨🖱💽💾📠

Ве молам, помогнете ми да се вработам и конечно, и јас, да се чувствувам како активен граѓанин кој придонесува во ова општество!

📬 Доколку сакате да ми помогнете, ве молам контактирајте ме во инбокс, или, на [email protected].

Министерство за труд и социјална политика
Санела Шкријељ
Мила Царовска

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

(Фото) Актерката Милица Стојанова се вакцинираше: Не сакам да гледам уште една војна со невидливото

Познатата македонска актерката Милица Стојанова се вакцинираше против Ковид-19. “Поминав една војна, онаа Втората светска… Го искусив татнежот и плачот…