АПЕЛ ЗА ПОМОШ: ИСЧЕЗНА 34 годишен БИТОЛЧАНЕЦ

Утринава на социјалните мрежи битолчанка објави дека е исчезнат нејзиниот брат. Доколку некој го види или има информација каде може да заминал семејството моли да им биде кажано. Ова се деталите за изгледот облеката и времето на исчезнувањето.

Исчезнат е брат ми Владимир Јончев. Владимир има 34 години, висок е приближно 195 cm, a тежок е отприлика 120 kg. Крупен е и со црна кратка коса. Облечен е во црни тренерки и црна маица со кратки ракави, а бел натпис на предната страна на маицата и обувките му се црни машки кломпи. Исчезнат е вчера (22.6.2020 г.) на пладне. Прв пат е исчезнат од дома. Живее во Јени Маало на средсело. Ги замолувам моите солидарни сограѓани да фрлат поглед на страна и доколку го видат некаде да се обидат да го задржат и веднаш да ме известат на телефон 071 360 653. Случајот е пријавен во Полиција, но до 24 часа не се презема ништо, па ние сакаме да се тркаме со времето. Последно е забележан окулу “Ангромаркет” кај Пазарот. Со почит, MarjanJoncev и Софија Јончева.

Total
0
Shares
Поврзани објави